Admin Admin
Број на мислења : 46 Join date : 2008-04-05 Age : 39 Местолокација : Krusevo
| Предмет: Хакер украл податоци за шест милиони Чилеанци Вто Мај 13, 2008 10:19 am | |
| Хакер украл податоци за шест милиони ЧилеанциСантијаго, 12 мај (МИА) - Непознат хакер кој себеси се нарекува Анонимна кукавица, украл тајни податоци за шест милиони Чилеанци, од сервери на Министерството за образование на Чиле, изборната комисија и армијата. Според локални медиуми, чилеанските власти синоќа ја потврдиле кражбата, а портпаролот на претседателскиот кабинет изјави дека се работи за „сериозно и деликатно прашање“. Хакерот се здобил со податоци кои подоцна биле поставени на Интернет, за броевите на личните карти, адреси, телефонски броеви, е-маил адреси и академското образование на „оштетените Чилеанци“. Податоците биле украдени во петокот наутро, а синоќа се уште не беше утврдено кога точно се појавиле на Интернет. Објавените податоци биле избришани од Интернет во саботата. Чилеанскиот весник Ел Мерсурио објави дека меѓу украдените податоци се наоѓа и датотека во која Анонимниот кукавица порачал дека се одлучил на кражба за да укаже на лошата заштитеност на податоците во Чиле, држава во која „никој не работи на нивна заштита“. | |
|
Анонимен Гостин
| Предмет: Re: Хакер украл податоци за шест милиони Чилеанци Вто Мај 13, 2008 11:11 am | |
| |
|