Над 2500 туристи од земјава и странство престојуваат во КрушевоНад 2500 туристи од Србија, Словенија, Хрватска, Холандија и од повеќе градови во Македонија престојуваат во Крушево. Во хотелите Монтана и Панорама, во детското одморалиште Шула Мина слободни места нема. И приватните сместувачки капацитети целосно се исполнети. По пет години угостителите и крушевчани почувствуваа недостиг од сместувачки капацитети. Велат да имаше уште 1000 легла ќе беа резервирани до крајот на оваа зимска сезона.
„Престојуваат околу 2000 туристи во Крушево, капацитетот беше 1300 легла. Немаа можност да дојдат уште 100 туристи„ изјави Дора Стеваноска туристички сојуз од Крушево.
Скијачките терени на Станич, Гумење, гробот на Тоше и манастирот Свето Преображение се најпосетуваните места.
„Причината за нашето доаѓање беше нашиот ангел Тоше Проески. Како скијач повеќе ја скијам стазата, минатата година стазата беше добра, првите денови одевме по стаза а сега сме на терените горе„ , рече еден од туристите.
И, во детското одморалиште Шула Мина над 350 деца од Скопје, Штип, Прилеп и од други градови, незаборавно го минат зимскиот распуст.
„Тука сме веќе три дена имаме впечаток дека децата се задоволни од сместувањето, услугата од хигиената која што е на навистина на високо ниво. А покрај сето тоа највпечатливо и најзанимливо за нив е глетката на самата планина, школата за скијање која што ја посетуваат и навистина е прекрасно и се презадоволни„ , рече Јулијана Сулева наставник од Штип.
Поучени од годинашново искуство, туристичките работници и крушевчани, конечно разбраа дека градот и околните рекреативните места стануваат се поатрактивни за домашните и за странските туристи. Дека им се потребни дополнителни инвестиции кои ќе овозможат пристап до големите скијачки терени на Мусица. И, нови содржини кои дополнително ќе придонесат престојот во овој етно градот, по интересен и по забавен.