Admin Admin
Број на мислења : 46 Join date : 2008-04-05 Age : 39 Местолокација : Krusevo
| Предмет: Тоше ќе добие своја улица во Скопје Чет Јан 15, 2009 6:02 pm | |
| Тоше Проески во скопската населба Ново лисиче ќе добие улица со свое име, во која ќе има поставено фонтана направена во негова чест Трагично починатиот македонски пејач Тоше Проески ќе добие своја улица, која што градските власти ќе ја уредат како плоштад, а најавено е и дека ќе потсетува на њујоршкиот Централ Парк. ‘Паркот по величина ќе биде далеку помал од познатиот њујоршки парк, но дури и прочуениот архитект Олмстед би можел да позавиди на суптилноста на ова дело’, изјави професорот Ѓорѓи Константиновски, член на комисијата која што одлучуваше за победникот. Во трката за тој проект победи младиот архитект Филип Богатинов. На улицата ќе доминираат два кружни плоштади на самиот влез како и два на излезот од улицата. На централниот плоштад ќе биде поставена статуа која ќе ги представува членовите на бендот, а во средината ќе има фонтана каја пак ќе го представува трагично починатиот пејач. ‘Тоше беше и ќе остане идол на младите во Македонија и на Балканот. Затоа решивме да направиме простор каде што младите луѓе ќе се присетуваат на Проески.Ние одредивме тоа да биде улицата која што досега се викаше Детска улица’, истакна градоначалникот на Скопје Кирил Тодоровски. Извор: www.sekojden.com.mk | |
|