Мадона ја ограби Кајли Миног
Кајли Миног ја фркна глава откако Мадона и ги собра кореографиите на само неполн месец пред почетокот на нејзината голема турнеја.
Мадона ги собра браќата Ричмонд и Тоне Талауега, и покрај тоа што двајцата веќе имаа договор за соработка со поп принцезата на нејзината KYLIEX2008 турнеја, која започнува на 6-ти мај. Се очекува Мадона наскоро да го соопшти датумот на почетокот на нејзината нова турнеја, на која ќе го промовира својот нов албум.
„Рич и Тоне се екстра. Тие се согласија да работат на турнејата на Кајли, но во меѓувреме ги побара Мадона. Не можеш да ја откачиш кралицата на поп музиката, па дури и да си се договорил со принцезата“, вели извор близок до кореографското дуо.
Новонастанатата ситуација предизвика паника во тимот на Кајли. Мајкл Руни, кој работеше на последната турнеја на Спајс Грлс требаше заедно да работи со танцувачкото дуо, но сега сета одговорност паѓа на негови рамена.
Кралицата изненади со плановите за турнеја, особено што нејзиниот албум треба да излезе на 28 април.
„Рич и Тоне работеа со Мадона на нејзината светска турнеја во 2006 година. Додека таа сфати дека повторно сака со нив да работи, тие веќе имаа договор со Кајли. Сепак кралицата победи“, вели извор близок до дуото.
Кореографската двојка беше откриена во еден од ноќните клубови во Калифорнија. По соработката со имиња од рангот на Дајана Рос, Пин, Џенифер Лопез, Кристина Агилера, Блек ај пис и Гвен Стефани, го живеат сонот на секој маж – да се биде растегнат од принцезата и кралицата.