16. октомври 2007.,
На изглед уобичајен и нормален ден. Никој и не слутеше дека на тој ден Господ ќе се одлучи да те земе кај себе за да те стави кај останатите Ангели. Зошто ти беше нашиот Ангел кој што чекореше по нашата земја, кој ни со својата убавина, ангелска насмевка и ангелскиот глас чинеше секој ден поубав ...
Твоите песни беа мелем за нашата душа и нашето срце, а денес на 17. октомври – чекориш по Небото, и тоа што го правеше на Земја ќе правиш таму кај Господ и неговите Ангели... Сега пеј на нив исто како пееше на нас, како само ти знаеше – со срце, тело и душа ...
И понатаму кога ќе слушаме музика, прва асоцијација ќе ни бидеш ТИ, зошто ти беше МУЗИКА ...
Иако веќе никогаш нема да бидеш меѓу живите, ќе останеш жив во нашите срца, зошто ние – твоите верни обожаватели нема да допустиме да умреш во нашите срца ...
ЗАСЕКОГАШ ќе те павнам и ќе живееш во мене – НИКОГАШ нема да те заборавам ...
“... Ангел си ти јас пеам за тебе,
Ангел си ти те чувам во себе.
Ангел си ти, кој само за мене,
може да запреи време ...“
ЗАСЕКОГАШ твојата Македонка
од Црна Гора, Подгорица,
Анита Ковачевиќ