Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomePortalGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeПон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

 

 Во светот постои едно царство, таму царува другарство

Go down 
АвторПорака
Patricija-TOSE TE SAKAM

Patricija-TOSE TE SAKAM


Број на мислења : 15
Join date : 2008-08-07
Age : 30
Местолокација : stip

Во светот постои едно царство, таму царува другарство Empty
ПишувањеПредмет: Во светот постои едно царство, таму царува другарство   Во светот постои едно царство, таму царува другарство I_icon_minitimeСре Окт 08, 2008 4:46 pm

Во светот постои едно царство, таму царува другарство Extosf10

Тоше си имаше база во Крушево - другари од детството за кои го врзуваа километарски спомени


Секој човек си има некое свое место, катче или, пак, со мислите патува таму каде што не треба да се чува од погрешно протолкувани реченици и случајни луѓе. Тоше си го имаше Крушево, градот на неговиот копнеж, на детството, на искрените нешта. Родниот град му зрачеше со чиста енергија на љубовта и пријателството. Кога ќе се замореше од лицемерство, а беше склон да им верува на луѓето, кога ќе му се стегнеше срцето поради препознаена лага, Тоше си го палеше џипот и одеше да се утеши и меѓу своите.

Посакавме да ги запознаеме другарите на Тоше од детството, младите луѓе кои растеле и созревале со македонската поп-икона. Сакавме да ѕирнеме во нивните први мечтаења, да ги чуеме приказните за највкусниот леб и маргарин изеден набрзина пред стемнување, за првите обиди дождот да се скрие во шише и без зборови да се разберат тајните на срцето.

„Во Крушево Тоше беше највистинскиот, најрелаксиран и најрасположен“, раскажува неговиот пријател од детството и цимер за време на студирањето во Скопје, Јовица. Каков што беше тука, никаде не беше. Бевме соседи, заедно израснавме, по сто пати го премерувавме Џаде Маало. Отсекогаш имал мерак за пеење и на часови и во најголемата тишина му го слушавме гласчето. Со Тоше многу сакавме да ги шетаме кучињата, неговите беа ловџии и постојано се качувавме на планина. Кучињата веднаш му приоѓаа - со крената опашка, пријателски настроени, постојано му беа друштво.„И нашето детство не се разликува многу од растењето на другите деца“, продолжува Јани. „Се запишавме во основното училиште ’Никола Карев‘, многу сакавме физичко, а Тоше уживаше во борачки вештини. Џамлиите ни беа посебна страст, се натпреварувавме во брзо одење и импровизиравме скии кога Крушево ќе се забелеше од снег“.

Сестра му на Кабза учеше со Тоше и така почнаа и тие двајца да комуницираат. Се' уште се сеќава колку добро му одеше играњето со стапчиња, нешто како жонглирање со прсти. Додека беа помали, главната маршрута им беше млечниот ресторан, каде што играа со флипери, а потоа дискотека „Андора“.

„И денес се смеам на нашите палавштини. Кога ќе се затоплеше времето, останувавме до полноќ на улица. Девојчињата го задеваа, пеејќи му ја ’Тоше, Тоше, главо празна‘, и во една од многуте брканици, Тоше ме врза за бандера, и така како заробен Индијанец останав два часа“.

И Тошки Мазар има куп спомени врзани за својот другар. Се сеќава дека постојано оделе до одморалиштето „Шула Мина“ каде што пристигнувале автобуси за да ги видат девојчињата. Во една од тие „казановски“ прошетки, почнал да врне дожд, па толку накиснале што наместо да си прикажуваат и да се шегуваат со девојчиња, настинале и неколку дена не смееле да излезат од дома.Инаку, најубави и најдолги им биле прошетките до манастирот „Преображение“. Со здружени сили, сите заедно носеле вреќи цемент, а бидејќи немаше вода во манастирот, со себе имале и резервоар.

Тоше работеше секогаш - не глумеше ѕвезда и кога беше најпопуларен, си остана истиот. Добар, толерантен, другар со големо срце, велат тие. „Помагавме и кога почнаа да се прават собите, заедно садевме борчиња за да го разубавиме уште повеќе просторот“.

Периодот на студирањето беше интересен – далеку од дома, време на замомчување и осамостојување. Се работеше кампањски. Така се миеја садови, така се учеше... Постојани беа само дружењата. Јовица раскажува дека без оглед на адресата и бројот, и во Капиштец и во Црниче, атмосферата дома им била еуфорична. Тоше беше во почетокот на кариерата, ама и тогаш беше вистинска мамка за девојките. „Цело време само варевме кафе и миевме филџани. Многу се пееше, а Тоше правеше атмосфера со гитара. Кога сега ќе се сетам на тоа време, се' би дал да можам да се вратам за миг. Постојано јадевме виршли, се смеевме и го откривавме Скопје. Неколку пати одевме до Шутка, ни беше интересно, а кога почна конфликтот, Тоше не' мобилизираше и одевме со топло чајче да ги мотивираме војничињата... Делевме се', кога ќе стигнеше храна од дома, приредувавме гозба, како да е Нова година, а тој одвреме-навреме знаеше да изненади со ручек. Купуваше лигни од конзерви, вареше компир и правеше салата. Ќе седневме на масата и мечтаевме гласно што ќе биде кога ќе станеме свои луѓе“.Тоше стануваше популарен, ама си го задржа истиот состав на луѓето. Во лето, секој слободен миг беше во Крушево. Неретко, раскажуваат неговите другари, ќе им текнеше за бурек, ја палеа колата и одеа да го јадат најубавиот - во Прилеп. Во едно од тие гурмански патешествија, само што купиле бурек, Кире Австриецот на цел глас се развикал: „Луѓе, еве го Тоше, јаде бурек!“, при што се направи толкав метеж што не можеле да се одглават еден час. Слично се случи и пред две години во „Десарет“, во Охрид, кога Тоше им беше домаќин неколку дена.

„Секоја шега или виц ја прифаќаше со огромно задоволство. Беше најблагодарниот слушател, а многу се смееше на случката со еден мајстор во Крушево, раскажува Кабза. Се снимаше документарец за старите занаети во Крушево и новинарката прашува еден мајстор што изработува олуци. ’Ги правите од хоби или... ?, а стариот мајстор и' одговара ’Не, од ламарина‘. Постојано, кога и да се сетеше на оваа случка, му течеа солзи од смеење. А беше и одличен мајстор за штимунг“.

За Свети Јован минатата година направи одлична журка на семејниот именден кај Шаповци. Потоа, за да им остават место и на другите гости, сите отишле до омилено кафуле „Планет“. Внатре полно како око, а меѓу гостите и Џокси, кој поради професионалните обврски бил во Крушево.„Снимавме тој ден, раскажува Џокси, и по напорната работа, решивме да се релаксираме. Седнавме токму во сепарето на Тоше, не знаејќи дека е тука. Кога дојде, со сите се поздрави најсрдечно, се видовме и направивме убав муабет. Потоа, Тоше направи атмосфера од која кафулето се крена во воздух. Немаше микрофон и пееше на слушалки. Уживаше тој - уживавме сите. Ме покани да пееме заедно, а од таа фантастична вечер кафулето има трага во ѕид“.

„Тоше ни рече: ’Што би било да удрам во ѕид, да оставам отпечаток од рака, како што има во кафулињата низ светот, ни рече Тошки Мазар. Никој не мислеше дека таа среќна вечер ќе остане само драго сеќавање“.

Старото друштво на Тоше не сака да се сети на 16 октомври минатата година, а за својот другар мислат дека одненадеж ќе се појави и ќе ги изненади со широка насмевка од уво до уво. Затоа уште им се свежи сеќавањата за неговите концерти, првата свирка во Кавадарци и маички со слика од неговиот лик, што самите си ги правеле.

„Баба му на Тоше ја имаше најубавата фотографија што си ја чуваше на шкафчето до креветот. Секое утро и вечер таа си гледаше во Тоше како во икона, раскажува Кабза. Знаев дека нема да ни ја даде сликата, а сакавме да ја ископираме и да правиме маички . За тој потфат ми помогна братучед му Андреј, завршивме работа и јас на концертот на Тоше бев најубаво облечен. Сите ме прашуваа од каде ми е маицата...“

Денес во кафулето „Планет“ сите носат маички со ликот на Тоше. Така, велат, како да му се поблиски.



I ZA KRAJ VREDI DA SE SPOMNE NEGOVATA DRUGARSKA SRODNA DUSA,STO BEA ZAEDNO OVDE NA ZEMJATA,SEGA SE ZAEDNO GORE NA NEBOTO,DA GO 4UVAT KRUSEVO,DA GI 4UVAT PRIJATELITE,DA NE 4UVAT NAS...NEGOVATA SRODNA DUSA-NIKOLCE STOJCESKI(nikus)
Вратете се на почетокот Go down
 
Во светот постои едно царство, таму царува другарство
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: