Patricija-TOSE TE SAKAM
Број на мислења : 15 Join date : 2008-08-07 Age : 30 Местолокација : stip
| Предмет: Re: Концерт за Тоше(5 октомври) Пон Сеп 22, 2008 3:05 pm | |
| - Patricija-TOSE TE SAKAM напиша:
На концертот што во спомен на Тоше Проески ќе се одржи на 5 октомври, на Градскиот стадион во Скопје, ќе биде поставен најголемиот видеобим на Балканот, кој беше користен на годинашниот Избор на песна за Евровизија во Белград. Дознаваме дека бината, на која ќе бидат сместени симфонискиот оркестар и учесниците, ќе биде грандиозна и на неа ќе бидат поставени 250 лед-екрани.Чекајќи ги официјалните информации за големиот концерт во чест на легендарниот македонски пејач, во српските медиуми се шпекулира со имињата на учесниците што ќе настапат на оваа манифестација. Според дневниот весник „Прес“, на сцената ќе се појават пејачката и авторка Леонтина, грчката ѕвезда Ана Виси и Иван Плавшиќ. Менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, ни изјави дека официјалниот список со учесници се' уште не е дефиниран. - Грчката ѕвезда Ана Виси нема да пее и не е потребно да се шпекулира со имињата на учесниците додека не биде комплетиран списокот со изведувачи. Точно е дека на сцената ќе се појави Иван Плавшиќ, кој е дел од хуманитарната акција „Големо срце“ и им помага на талентите со инвалидитет и функционира во рамките на Фондацијата на принцезата Катарина Караѓорѓевиќ. Лани се договоривме Тоше да биде вклучен во оваа акција со одржување хуманитарни концерти во 2008 година. Мојот ангажман и помошта што ќе ја пружам во оваа акција се со единствена цел - да го одржам ветувањето на Тоше. Шест години бев негова менаџерка. Се' што ветив, исполнив. И затоа треба да им се верува на моите зборови дека останувам само менаџерка на Тоше Проески - истакнува Петровиќ. Српскиот новинар и пејач Иван Плавшиќ, кој од мали нозе е во инвалидска количка, на семејството на Тоше постхумно ќе му ја врачи статуетката „Големо срце“, а на концертот во Скопје ќе ја отпее темата „Соба за тага“.„Дневник“ викендов веќе објави дека на концертот што на 5 октомври ќе се одржи на Градски ќе бидат исполнети три аманети на Тоше. - Со овој концерт ќе ги испочитуваме и исполниме трите желби на Тоше. Едната е Градскиот стадион да биде преполн со публика, а втората, со неговиот англиски албум да ја промовира Македонија во светот - ни изјави Петровиќ. Третата желба на Тоше била на следниот концерт, кој планирал да го одржи на Градскиот стадион, да настапи со внукот Кристијан. Еден месец пред својата прерана смрт напишал нумера што сакал да ја отпее дует со внукот, но сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, во која го загуби животот, го спречи во таа намера. Од таа причина, демо-снимката од композицијата постхумно е доработена во Лондон, кај Енди Рајт. Менаџерката Петровиќ и „Аворд-продукција“ доставиле молба до семејството да ја стават на англискиот албум. | |
|