Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomePortalGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeПон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

 

 Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 46
Join date : 2008-04-05
Age : 39
Местолокација : Krusevo

Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти Empty
ПишувањеПредмет: Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти   Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти I_icon_minitimeПет Јун 27, 2008 12:32 am

Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти

Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти 55AFC9ACD02DD042BDE71AA35644C519

КРУШЕВО - Меѓународната фондација „Тоше Проески“, чиј основач е семејството, а претседател Никола Проески, татко на трагично загинатата поп-икона, вчера во Крушево ги промовира програмските активности со единствена цел да ја продолжат богатата хумана дејност на мегаѕвездата, неговото дело и аманет да им се помага на сите. Фондацијата, како што беше речено, промовирајќи ја музиката на Тоше, ќе дејствува во духот на вербата во Бог и следење на двете најголеми христијански заповеди: да се љуби Бог и да се љубат луѓето.

„Тоше го сакаше Бога со сето свое срце, сета своја душа и со сиот свој разум. Тоше ги сакаше и сите други како и самиот себеси. Тоа се двете најголеми заповеди според Библијата, тој ги практикуваше, а тие беа зборовите кои со Тоше беа разменети при заедничката молитва на Молитвената вечера, организирана од Меѓународната фондација ’Борис Трајковски‘, лани на овој ден кога се роди зачетокот на идејата за Фондацијата по примерот на другите светски ѕвезди“, потсети Стевче Дечев, еден од единаесеттемина членови на Управниот одбор на Фондацијата, формирана во декември минатата година.

Во УО на Фондацијата, покрај таткото на Тоше, членуваат и неговиот зет Славен Ристески, Стевче Дечев, Ерол Ризаов, Илија Ивановски, Лефкија Гажоска, академик Таки Фити, Кочо Моцан, Елизабета Канческа-Милевска, Сашо Митков и Христо Христоски. За претседател на Надзорниот одбор е избран Христо Николоски, а контрола врз финансиското работење на Фондацијата ќе имаат мајката на Тоше, Доминика, и сестрата Дора Проеска-Ристеска.

Според извршниот директор Андреј Николоски, седиштето на Фондацијата ќе биде во Крушево, а ќе функционираат две отворени канцеларии во Крушево и во Скопје кои треба да реализираат бројни програмски и проектни активности. Во тек е и изработка и на Интернет-страница www.fondacijatoseproeski.org.

„Фондацијата има цел и да стипендира млади музички таленти, но и да остварува блиски контакти со фановите на Тоше. Затоа ќе бидат основани клубови во повеќе градови и држави, планирано е да се одржуваат балкански и меѓународни каравани за промоција на делото на Тоше, хуманитарни концерти, семинари, тркалезни маси, симпозиуми, работилници, тренинг-обуки, конференции и трибини, активности за промоција на здрави животни стилови кај младите, промоција на македонската музика и култура во светот, како и инволвирање на Фондацијата во европски и светски хуманитарни програми и програми за развој на мирот, музичката култура, волонтерството и корисното пополнување на слободното време на младите со неформална едукација“, вели Николоски. Тој потенцира дека оваа фондација веќе презеде конкретни активности за помош на социјално загрозените семејства, пред се', во Крушево и Крушевско.

Формирањето на Фондацијата, всушност, значи остварување на уште една планирана задача на Координативното тело за заштита на ликот и делото на Тоше Проески. „На 10 март ќе заврши меѓународниот конкурс за идејно архитектонско-урбанистичко решение за изградба на спомен-куќа на Тоше во родното Крушево со средства од Министерството за култура. Потоа ќе се формира жири-комисија што ќе го избере најдоброто идејно решение“, изјави Елизабета Канческа-Милевска, претседателка на Координативното тело. Таа најави и дека Министерството за култура ќе преземе активности за установување нова музичка манифестација во чест на Тоше со меѓународен карактер.

На 15 март, пак, ќе заврши и тендерот што го објави Министерството за транспорт и врски, а до крајот на март ќе започне изградбата на локалниот пат до манастирот „Свето Преображение“, што беше една од желбите и неостварените планови на Тоше


Извор: утрински
Вратете се на почетокот Go down
https://krusevo.macedonianforum.net
 
Фондацијата „Тоше Проески“ ќе стипендира млади музички таленти
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: