Споменици, музеи, галерии...
Споменикот Илинден е обележје и препознатлив симбол кој се поврзува со Крушево. Од височините над градот доминира со својот споменичен ликовно-естетски комплекс кој започнува со плато на кое се претставени раскинати пранги, продолжува преку криптата која е хронологија на значајните настани и личности од периодот пред, за време и по Илинден, до колоритниот мозаичен амфитеатар кој е предворје на куполата чија внатрешност инпресионира со погледот на сите четири страни од кои се гледаат “Слива”, “Мечкин Камен” и Пелагонија, како и со витражите и релјефите кои го симболизираат стремежот за слобода на македонскиот народ.
Споменикот “Мечкин Камен” претставува востаник со високо подигната камен карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои скапо ги дадоа своите животи при одбраната на Крушевската Република. Легендарниот “Мечкин Камен” претставува епопеја сам за себе.
Споменикот на “Слива” е симбол на јунаштвото и саможртвата на македонските востаници при одбраната на Крушевската Република на 12 август 1903 година.Тој е длабоко врежан во душата и свеста на македонскиот човек.
Музејот на НОВ се наоѓа во близина на Платото од споменикот Илинден на месноста Гумење. Отворен е во 1988 год. и во него се сместени експонати кои сведочат за Народно Ослободителната Борба од 1941-1945 година. Во музејот доминира фреската Муралот (ѕидна фреска на фронталниот ѕид), на големиот мајстор на боите Борка Лазески, која го отсликува текот на војната.
Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република сместен е во страрогратска куќа од 19 век, во која во 1903 год. е прогласена Крушевската Република. Тука се сместени оригинални експонати од оружје, карти, мапи, фотографии со што хронолошки се изнесени настаните поврзани со илинденската епопеја.
Леарницата за куршуми за време на Илинденското востание како поставка постои од 2003 година. Во неа се наоѓаат оригиналните орудија кои се користеле за лиење на куршуми во текот на Илинденското Востание.
Галерија Мартиноски-Етнолошка поставка Мартиноски (1903-1973) има создадено огромен број творби што се наоѓаат во многубројни јавни и приватни колекции. Но,
Галеријата “Никола Мартиноски” во Крушево (отворена 1968г.) е најголемата збирка творби во овој град. Таа содржи неколку десетици творби (масла, темпери, цртежи, графики) од неколку периоди во творештвото на уметникот, почнувајки од 1928 година наваму.