Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomePortalGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeПон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

 

 Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 46
Join date : 2008-04-05
Age : 39
Местолокација : Krusevo

Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше   Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше I_icon_minitimeПон Јун 16, 2008 11:47 pm

Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше

„Потпис за незаборав“. Под ова мото денеска Иницијативниот одбор составен од граѓани на Крушево ја започна иницијативата за собирање на потписи.

Ќе ги достават до Владата како изразување на нивниот револт за закочувањето на изградбата на Спомен куќата на Тоше која треба да се гради на просторот кај стариот хотел на Гумење.

Тие велат Тоше најмалку заслужи ваков игнорантски однос од институциите.

„Ние сме револтирани на еден начин, што после осум месеци никој ништо не презема во градот. Акцијава не е против никого насочена, ни против газдата на тој објект, ни против никого, туку да ги поттикнеме институциите да се реши тој проблем таму и што побрзо да почне изградбата на Спомен куќата“, рече Никола Ќурчиев, член на иницијативен одбор.

Целиот проблем се состои во тоа што сега, како сопственик на мотелот кој не работи со децении, се јавува сопственикот на хотелот „Монтана“, кој неофицијално бара 100.000 евра за негово ослободување.

„Имајќи предвид дека тој објект горе е руиниран и не би сакала да си земам за право да давам некои паушални проценки, меѓутоа таа проценка како сума на пари којашто кружи во јавноста, навистина не вреди за тој објект“, изјави Лефкија Гаџоска, градоначалник на Крушево.

Инаку, во тек е судскиот спор за тоа кој е сопственик на објектот помеѓу Историскиот музеј „Крушево“ и сопственикот на „Монтана“.

Од Историскиот музеј изјавија дека и тие имаат голем дел од сопственоста врз овој објект и затоа трае судскиот спор помеѓу нив и сопственикот на „Монтана“.

И граѓаните кои денеска масовно се потпишуваа во книгата велат државата да реагира што е можно под итно.

„Сметаме дека треба Владата побргу да реагира и да се најде начин да се почне со изградбата на Меморијалниот центар“, вели Анастас Тана, жител на Крушево.

„Луѓето што се одговорни да побрзаат малце, а тој заслужува и повеќе од тоа“, рече Вангел Пажек, жител на Крушево.

Сопственикот на „Монтана“ Пецо Пановски денеска не сакаше да даде коментар, а од Министерството за култура соопштија дека откако ќе се реши судскиот спор и откако ќе биде направен главниот проект за Спомен куќата, точно ќе се знае кога ќе започне изградбата.
Вратете се на почетокот Go down
https://krusevo.macedonianforum.net
 
Закочена изградбата на Спомен куќата на Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: