Admin Admin
Број на мислења : 46 Join date : 2008-04-05 Age : 39 Местолокација : Krusevo
| Предмет: Тоше Проески сепак убиен? Саб Мај 17, 2008 6:07 pm | |
| Тоше Проески сепак убиен?
Повторното вештачење на кочниците на возилото Туарег во кое на 16 октомври минатата година во Хрватска загина Тоше Проески се открило оштетување за кое, помеѓу останатото, постои сомнеж дека е подметнато! Поради тоа Министерството за внатрешни работи од Македонија барало итно транспортирање на автомобилот од Загреб во Скопје.
Возилото од марка Фолксваген Туарег во понеделникот касно навечер било пренесено во Скопје, потврдил Иван Доновски од македонското Министерство за внатрешни работи, а резултатот од вештачењето ќе биде познат овие денови, пишува Курир.
"По добивањето на овие информации од нашите колеги од Хрватска, баравме итно транспортирање на возилото во Скопје. Наскоро во Македонија очекуваме тим од најдобри вештаци од Германија, кои ќе ги разгледаат анализите на хрватските стручни лица и уште еднаш детално ќе ја разгледаат причината за загинувањето на Тоше Проески", рекол Доновски.
Резултатот од анализите конечно би требало да ги обелодени сите тајни за трагичната смрт на една од најголемите ѕвезди на Балканот. Засега истрагата се врти околу возачот на автомобилот во кој настрадал пејачот и тој сеуште е единствен одговорен за несреќата.
Македонските медиуми повеќе пати ги обвиниле хрватите за убиството на популарниот пејач, па откривањето на нови детали, според многумина е доливање на бензин во оганот. | |
|
NO NAME Гостин
| Предмет: TOSE Сре Јун 11, 2008 3:17 pm | |
| VOLIM TE TOSE KAO CJELA BIH!!!!POCIVAJ U MIRU BOZIJEM NIKADA TE NECEMO ZABORAVITI OSTACES ZAUVJEK U NASIMA SRCIMA LJUBAVI MOJA SLATKA!!!!!!!!!!POZZZ IZ MOSTARA VOLIM TE TOSEEEEEEEEEEE....... |
|