....Дали сонцето ќе изгрее барем уште еднаш со оној сјај ко порано пред тебе да те нема?
Дали птиците ќе пеат весело со таа весела нота како порано пред да те нема?
Дали Македонија ќе заживее без тага и болка откако тебе те нема???
Дали може да ти ветиме дека нема да те заборавиме?
Дали ги слушаш нашите гласови, нашиот плач?
Дали ја гледаш нашата тага, нашиот очај, нашиот копнеж повторно меѓу нас да те видиме?
Секој збор е премал за да те опише каков беше ти и таков засекогаш ќе останеш во нашите срца.
А и секој збор е премал за да ја опише тагата во нашите срца.
Вечниот спомен ке направи никогаш да не бидеш заборавен!!!