Полицијата распишала потерница за пронаоѓање наисчезнатата кичевка Живка Темелковска (65), која последен пат била видена завчера во Кичево. Од полицијата информираат дека Темелковска ја забележале вработените во маркетот „Алфа“ на улицата 11 Септември, каде што таа пазарела. Според нивните изјави, кога жената излегла од маркетот застанало возило од кое некој и' се обратил по име и и' рекол дека син и' имал сообраќајка. Вознемирената Темелковска ги фрлила торбите со купените продукти и мобилниот телефон и се качила во возилото. Од тој момент и' се губи секоја трага.Полицијата интензивно работи на случајот.