Admin Admin
Број на мислења : 46 Join date : 2008-04-05 Age : 39 Местолокација : Krusevo
| Предмет: Северина конечно невеста Нед Мај 11, 2008 1:46 pm | |
| Одамна докажа дека има смисла за хумор, но и дека најдобро се зафркава на сопствена сметка. И затоа, кога сите веќе ја прашуваат кога конечно ќе се мажи, Северина Вучковиќ одговара - на свадбата. Тоа ќе биде славје за паметење, на 19 мај, кога се поканети сите нејзини роднини, пријатели, колеги и соработници. Но ним, пред младоженецот, ќе им го претстави албумот "Здраво Маријо", кој го спрема веќе две години и кој, и пред да биде објавен, крена доста прашина. Некои однапред го етикетираа како "хард-кор турбо-фолк", други ги интересира "новиот звук" од соработката со Горан Бреговиќ. - Свадба, е луѓе, моја свадба. Но немојте буквално да ја сфатите, тоа пред се ќе биде добра забава. Имено, луѓето слават се и сешто и секоја прослава ја нарекуваат според приликата, но секогаш се сведува на истото. Добро јагнешко, добра пијачка, некој ќе запее... Но всушност, тоа ќе биде промоција на мојот албум. Јас во свадбен фустан, сите облечени како сватови, вистинска свадба - од супата до винскиот гулаш. Ќе бидат поканети најблиските роднини, моите пријатели, ќе имам прекрасни старосватици, кои ќе бидат облечени во онакви розови и виолетови фустанчиња. Свадбата почнува околу 19 часот во ресторан "Округљак" | |
|