Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomePortalGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeПон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

 

 Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески

Go down 
2 posters
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 46
Join date : 2008-04-05
Age : 39
Местолокација : Krusevo

Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески Empty
ПишувањеПредмет: Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески   Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeНед Мај 11, 2008 12:40 am

Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески

Крушево, 12 април (МИА) - Со непребол и нестивната тага денеска во Крушево беа одбележани шест месеци без Тоше. Семејството, најблиските, соработниците, познаниците, бројните обожаватели денеска на неговиот вечен дом на Гумење ги одбележаа молкум тажните шест месеци без својот сакан Тоше.

Тоше останува во нашите срца како ѕвезда водилка, како патоказ за благородни чувства и дела. Ова се неподелените чувства за Тоше на реката народ во тажното Крушево. Млади и стари непрекинато од изутрината од сите краеви на земјава доаѓаат пак да се поклонат пред споменот на големиот човек, детето на хуманоста и добродетелствата. Болка, тага непребол, солзи не крие никој. Свеќите за вечен покој за благородната душа на Тоше гореа и на неговиот гроб и во црквата Успение на пресвета Богородица каде изутрината се одржа упокоена литургија.

Реката почитувачи на Тоше и денеска беа во заедничката болка и тага на неговите најблиски мајката Доминика, Таткото Никола, сестрата Дора.

Денеска на шестмесечниот помен за Тоше дојдоа и планинарите од радовишкото друштво „Бел Камен“.

- На осми април тргнавме на марш долг 150 километри во чест на Тоше. Пристигнавме вчера во манастирот Свети Спас во Крушево, а денеска еве на неговиот гроб му оддаваме почит и му се поклонуваме. Маршот сакаме да стане традиционален, вели планинарот Љупчо Јованов.

На поклонување на гробот на Тоше денеска дојдоа и чесните сестри и свештенството од Католичката црква од Скопје.

- Со католичките надежи и со чесните сестри дојдов да се помолам за благородната душа на Тоше Проески, вели свештеникот Далмато Јокови.

Тој вели дека и тие, како и сестринската православна црква го познавале Тоше како човек кој во секојдневниот живот каде и да одел ги носеше двете скапоцени вредности - богољубието и човекољубието.

- Во Католичката црква настојуваме често да ги доведуваме тука младите за да им укажеме на вредностите со кои живееше големиот христијанин Тоше. Токму поради тоа, пожелувам тој да ја добие радоста на вечниот живот. Токму поради својата вера и добрите дела кои ги правеше, особено за напатените и болни деца, истакна Јокови.

Меѓународната фондација „Тоше Проески“, чија канцеларија е отворена во Крушево, а наскоро и во Скопје, ги интензивира активностите.

- Ќе воспоставиме балканска мрежа на дејствување на сите фанови и обожувачи на Тоше. Веб страницата се подготвува. Сите иницијативи и желби да ги реализираме заеднички, вели Стевчо Дечев, член на УО на Фондацијата.

- Заедничкото делување ќе се нарекува Ѕвезденото небо на Тоше. Наскоро фондацијата ќе има балканска промоција. Ќе правиме хумани дела и иактивности достојни на големото дело на Тоше, вели Дечев.

Тој додава дека се интензивираат контактите со дијаспората. Стигнуваат многу иницијативи. И конкретни предлози

- Сите добронамерни предлози сакаме да ги вклучиме и тоа преку клубови што ќе се формираат во сите градови, општини и држави. Има предлог да се направи книга со фотографии за Тоше, како и предлогот што го разгледува Фондацијата во секој град да никне парк со по 26 цреши и споменик на Тоше.Тоа ќе биде поврзано со балкански музички караван. Има ницијативи од Република Српска и од Хрватска да се подигне спомен плоча на местото каде што загина Тоше, вели Дечев.

На 16 ти април во Скопје Фондацијата организира поетска вечер на плоштадот, насловена "Под црешите". Вечер пак во Скопје ќе се одржи симболичната забава на 15-годишната Ангела Џеповска која нејзиниот роденден на 16 април ќе го одбележи со забава вечер каде се поканети и повеќе пејачи. Парите наменети за нејзините подароци ќе бидат пренесени во Фондацијата за добротворни цели.

За спомен куќата на Тоше, за меморијалниот комплекс на неговиот гроб и за работите на манастирскиот комплекс со свои информации Илија Иваноски од семејството на Тоше член на координативното владино тело.

- Се работи на главен проект според избраното идејно решение за спомен куќата на Тоше на Гумење. Во тек е изработката на детален урбанистички план, а наскоро треба да се решат техничките проблеми околу инмотно-правните односи на локацијата за спомен куќата, вели Иваноски.

Во меѓувреме, продолжуваат работите на манастирскиот комплекс, а големата желба на Тоше беше тој да се доизгради.

- Иконостасот во мермер ќе го работи балканскиот стручњак Милан Ракочевиќ. Првата фаза е завршена. Министерството за транспорт и врски избра изведувач за платото, а во тек се преговори со ЕВН-ЕСМ за осветлувањто, информира Иваноски.
Вратете се на почетокот Go down
https://krusevo.macedonianforum.net
fan tose proeski ever




Број на мислења : 4
Join date : 2008-10-12

Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески Empty
ПишувањеПредмет: Re: Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески   Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески I_icon_minitimeНед Окт 12, 2008 3:15 am

tose for ever
Вратете се на почетокот Go down
 
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: