Да ја продолжиме хуманоста на Тоше и да го оствариме аманетот кој ни го остави, да помогнеме во завршувањето на изградбата на манастирот Свето Преображение.
Доколку сте хумани и доколку имате можност за тоа направете добро дело ДОНИРАЈТЕ за доизградба на духовниот дом на нашиот Тоше.
ЖИРО СМЕТКА 200000000012602 ПОВИКУВАЧКИ БРОЈ 0012659713 или 0016370490 Стопанска Банка ад Скопје филијала Крушево Со назнака за МАНАСТИР СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ Прочитајте повеќе за историјата и почетоците на манастирот... Сместен во пазувите на Баба Планина во централниот дел на Репулика Македонијасе наоѓа манастирскиот комплекс Свето Преображение. Подигнат е на месноста Ручало на околу 1642 метри надморска висина. Од Крушево е оддалечен околу 8 км. За да се стигне до манастирот не претставува голем проблем затоашто љубезните Крушевчани на секој кој сака да стигне до манастирот му објаснуваат најлесен начин како да пристигнат до таму а и во блиска иднина ќе биде поставена на овај сајт и мапа која ќе го покажува патот од центарот на Крушево до манастирот.Секој што сака да го посети нема да зажали затоашто манастирот изобилува со природа која не се среќава насекаде во светот и хармониа која може да ја даде само Бог и природата. Манастирот Свето Преображение има и културно историско занчење и е потигнат на темели кои датираат од XI – XIII век. Обновата на црквата започна во 25 септември 1988 година. Со помош на управниот одбор (прецедател Миле Талески Кукун – Бочваро), на народот на град Крушево и околните села околу манастирот, со разни донации на верниците од иностранство и со голема помош на Тоше Проески кој ги мотивираше малдите да работат со тоа што и тој земаше учество во работата а и финансиски ја помагаше изградбата. За овај текст екипата на krusevo.info се послужи со извадоци од книгата “СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО” на М-р Ѓорѓи Стојчески - Мазар и Д-р Марула Николоска (со купувањето на оваа книга донирата и ја помагате изградбата на манастирот) и со неколку разговори со Миле Талески Кукун – Бочваро. Во блиска иднина ќе бидат објавени фотографии од смиот почетокот на изградбата и жиросметка од манастирот за оние кои сакаат да донираат средства за негова изградба. |