Бритни деверуша на свадбата на својата сестра
Сестрата на популарната проблематична пејачка Бритни Спирс, 17-годишната Џејми Лин која веќе е бремена ова лето ќе се венча со Кесји Алдриге, а токму Бритни ќе биде главна деверуша на нивната свадба.
Како што пишуваат светски медиуми, нивното семејство очигледно проценило дека психичката состојба на Бритни се поправила до таа мерка што веќе може да и се верува во однос на оваа задача.
Ѕвездата на серијата „Зои 101“ Џејми Лин сеуште официјално не потврдила дека е верена, но извори блиски на семејството потврдија дека свадбата е планирана за почетокот на летните месеци на имотот на Спирсови во Лузијана.
За да не ја повтори грешката на постарата сестра, мајката на идната невеста инсистира на пребрачен договор, кој според семеен пријател веќе е подготвен за потпишување.
Поранешниот менаџер на Бритни потврди дека тие повторно почнале да комуницираат, но сеуште нема договор за враќање на сцената.