Admin Admin
Број на мислења : 46 Join date : 2008-04-05 Age : 39 Местолокација : Krusevo
| Предмет: Проектот „Крушево - етно град“ награден Вто Јан 20, 2009 2:28 pm | |
| Проектот „Крушево - етно град“ награден
Факултетот за туризам од Скопје денеска ја додели плакетата за најдобра идеја за промоција на туризмот во Република Македонија на невладината огранизација „Прима центар“ за проектот „Крушево - етно град“.
Признанието и поддршката, според Ранко Петровиќ од „Прима центар“, е поради тоа што проектот е самоодржлив и парите вложени во него ќе бидат вратени за околу две години.
- Идејата е да се врати Крушево за време на Илинденското востание во 1903 година. Замислата е локалното население, облечени во комитски и турски носии, да шета низ градот и да бидат атракција за сите кои ќе го посетат местото. Сакаме да направиме драмска претстава под отворено небо, рече Петровиќ.
Тој додаде дека наскоро ќе започне подготовката за локалното население, како тие да се однесуваат и да ги уредуваат собите и куќите за сместување на туристите, или ако има потреба да се реновираат.
- Планираме за пет години градот да има 2.000 легла. Во сите сезони Крушево може да биде атрактивна дестинација, но потребна е и голема активност од локалното население, иако веќе постои голем интерес од нивна страна, истакна Петровиќ.
Министерството за култура годинава одобри средства од буџетот за започнување на проектот кој годинава треба да стартува.
- Заради вработување на локалното население, нашата замисла е жените од градот да ги шијат костимите. Планираме за 6-7 години да нема ниту еден невработен жител во Крушево, рече Петровиќ, кој се заблагодари за поддршката од Факултетот за туризам и нагласи дека уште многу организации и институции треба да се вклучат во проектот за тој побрзо да биде завршен. Извор: www.alfatv.com.mk | |
|