HomePortalGalleryБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Пон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Сре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Сре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Сре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Вто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Вто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Вто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

Share | 
 

 Крушево сезонава рекордна посетеност

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
avatar

Број на мислења : 46
Join date : 2008-04-05
Age : 33
Местолокација : Krusevo

ПишувањеПредмет: Крушево сезонава рекордна посетеност   Пет Јан 16, 2009 12:06 pm

Крушево сезонава рекордна посетеност



Крушево преполно со туристи. Исполнети се сите капацитети. Според проценките, во овој град има над 1.500 гости. Место нема ниту во кафеаните, сè е полно. Освен домашните има голем број и странски туристи.

„Супер е тука нема подобар и поубав град во Македонија од Крушево“, вели Зоран Симоновски, турист од Скопје.

„Местото е многу убаво бидејќи се е приридно нема многу вакви места во Австралија“, рече Венеса Варисевски, турист од Австралија.

Угостителите тријат раце.

„Двете соби ми се продадени до 20-ти јануари, а едната соба ми е продадена до 10 јануари“, кажа Раде Лега, издавач на соби.

„Сите апартмани ми се полни цел јануари“, вели Јорго Христоски, издавач на соби.

Од Туристичкото биро на Крушево задоволни од годинешната посетеност. Најавуваат дека од в година ќе има и категоризација на собите. Големиот број туристи оваа година во Крушево ги привлече снегот, но сепак најголемиот дел од нив признаваат дка се тука поради гробот на Тоше.

„За новогодишните празници, за разлика од лани, ни се случи да има многу повеќе побарувачка отколку што градот има капацитет“, истакна Спасијка Христоска од Туристичкото биро Крушево.

Поради обилните врнежи на снег градот е целосно блокиран. Возилата се затрупани. Иако „Македонија пат“ работи 24 часа, сепак движењето е сведено на минимум.

„Им препорачувам на возачите да возат полека, бидејќи не можеме набрзина да го отстраниме целиот снег од коловозот“, изјави Љупчо Стојаноски, од „Македонија пат“.

Сепак, и покрај убавините и изобилството на снег, скијачите незадоволни од ски-патеките. За жал, во Крушево ништо не е сменето со децении. Ски-лифтовите веќе одамна се застарени.

„Нема никаде поминато ратрак, ски-лифтот не работеше половина час“, потенцираше Мартин Димитриев, турист од Скопје.

„Не се исплати 450 денари да се дадат за карта за овој ски-лифт“, рече Тео Трајкосвки, турист од Скопје.

Дури и професионалните скијачи признаваат дека единствената ски-патека во Крушево е само за почетници.

„Условите си го прават своето, терените се тие, инвестиции нема“, изјави Христо Стојаноски, инструктор по скијање.

„Оваа стаза со која моментално располага Крушево е измислена за почетници, а додека пак за професионалци тука нема услови“, вели Аце Гиноски, инструктор по скијање.

За новиот ски-центар Мусица, кој се најавува исто така со децении, за жал никој не дава пари за да се стартува. Доколку и во иднина се продолжи со овој однос, Крушево можно е да ги загуби туристите.



Извор: www.exclusive.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://krusevo.macedonianforum.net
Tose



Број на мислења : 4
Join date : 2009-02-09

ПишувањеПредмет: Re: Крушево сезонава рекордна посетеност   Пон Фед 09, 2009 1:05 am

Абе Крушево секогаш е атрактивно само што нема многу терени и реклами по нашите приватни тв станици кои упорно го форсираат Маврово ама се надеваме дека еднаш ќе сватат оти Маврово е веќе досадно и дека преку глава ни дојдоа особено на А1 и оваа зима!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Крушево сезонава рекордна посетеност
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: