HomePortalGalleryБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Пон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Сре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Сре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Сре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Вто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Вто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Вто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

Share | 
 

 МОЛК,ТАГА,ПЛАЧ...БЕЗ НАШИОТ ТОШКА

Go down 
АвторПорака
Patricija-TOSE TE SAKAM

avatar

Број на мислења : 15
Join date : 2008-08-07
Age : 24
Местолокација : stip

ПишувањеПредмет: МОЛК,ТАГА,ПЛАЧ...БЕЗ НАШИОТ ТОШКА   Пет Окт 17, 2008 1:40 pm

Разбиени
камбани, храмови со ширум отворени врати, повеќечасовна црковна служба,
топила од свеќи, солзи и река од луѓе со болен трепет во срцето. Вака
изгледаше Крушево на годишниот помен од смртта на непреболената
македонска ѕвезда Тоше Проески. Точно пред една година неговото
срце престана да чука во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во
Хрватска. На тажната годишнина топлото есенско сонце во Крушево беше
немоќно да го стопи студенилото во душата што им остана на роднините,
пријатели, обожаватели.
Имаше посетители од цела Македонија, Србија, Хрватска, Босна, но и
од подалечни земји. Липаа додека траеше парастосот во црквата, а потоа
со наведнати глави и тешки чекори го посетија неговото вечно
почивалиште на Гумење. Изминатите 12 месеци беа премалку за да ги
секнат солзите. Никој не може да ни ја излечи болката. Премалку ни беа
неговите 26 години иако некој и сто години да проживее не може толку
срца да освои - шепотеа луѓето меѓусебно свиени во тага.
РЕКА ОД СОЛЗИ

Црковните ѕвона на „Успение на
Пресвета Богородица“, црква оддалечена само неколку метри од семејниот
дом на Тоше, уште во седум часот изутрината ги повикаа верниците да се
помолат за неговата душа. Храмот за кусо време стана претесен да ги
собере сите што сакаа да запалат свеќа и да му го осветлат патот кон
рајот. Од свеќи на шнаданите немаше место. Солзи се тркалаа колку по
стаклата толку и низ лицата додека присутните ја бакнуваа сликата на
Тоше ставена меѓу иконите, како и тој да е светец. Тричасовната црковна
служба ја држеше владиката Петар, а семејство на Проески зеде света
причест.- Само Господ знае кои се светци, но факт е дека духот на Тоше е
обединувачки дух на македонските и балканските простори. Неговата душа,
која имала допир со која било друга душа оставила траги на љубов,
почит, чесност, на достоинствена инспирација за добри дела. Неговата
прерана смрт натера многумина да ја разберат пораката на животот, да го
исполнат со добри дела - изјави владиката Петар. Родителите на Тоше,
неговата сестра и внуците изгледаа подеднакво скршени како пред една
година. Солзите не пресушуваа, како ни воздишките и тивкиот плач што се
откинуваше од душата. Кој е тој што може да им даде утеха за една
ваква загуба? Тие живеат со својата болка и нема ништо што може да ги
утеши. Исто е и со цело Крушево, зашто живееме во сурова реалност без
него - воздивна нивниот прв сосед Јане Андревски. Облеана во солзи на
парастосот присуствуваше и менаџерката на Проески, Лилјана Петровиќ.
Крушевчани и' ја понудија топлата прегратка делејќи го непреболот со
неа.

СТИХОЗБИРКА ЗА ТОШЕ

По парастосот река од
стотици луѓе се упати кон вечниот дом на прерано починатата ѕвезда.
Луѓето го бакнуваа застаклениот плакат, палеа свеќи, гробот и малиот
параклис никнат крај него ги покриваа со мечиња, бели рози и со
напишани стихови.
- Првата песна ја напишав на денот кога почина зашто силните емоции не
можев да ги задржам во мене. Од тоа чувство се изроди цела стихозбирка
со наслов „Ни едно време нема да те избрише“, која денеска бесплатно им
ја делам на неговите обожаватели - изјави Ружа Димитриовска, поетеса од
Прилеп. Ликот на Проески наѕираше од сите страни. Уште од влезот, каде
што посетителите ги пречекува со раширени раце, па до стотината постери
залепени на уличките.- Уште многу време Крушево ќе ја чувствува непремостливата и
неизбришлива тага по Тоше. Сеќавањата се подеднакво силни и болни како
и пред една година. Неговиот роденден, 25 јануари, го прогласивме за
општински ден на хуманоста. Иницијатива е тој да прерасне во национален
ден на хуманоста - изјави градоначалничката Лефкија Гаџоска. Токму на
Тошевиот роденден треба да се удрат темелите на новиот Меморијален
комплекс, кој ќе се гради во негов спомен. Идното лето ќе се исполни и
една од неговите најголеми желби, ќе се освети манастирот „Св.
Преображение“ над Крушево, каде што тој го наоѓаше својот духовен мир.Билборди со ликот на Тоше во Загреб
На иницијатива на хрватските обожаватели од фан-клубот на Тоше, 26
билборди со ликот на трагично починатата ѕвезда вчера осамнаа низ
Загреб. На нив е испишан стихот: „Милион срца, една молитва“ од песната
„Македонија навива за нас“, на авторот Александар Митевски, која беше
избрана за навивачка химна на македонските репрезентации. Членовите на
фан-клубот денеска ќе ја посетат македонската православна црква во
Загреб, да запалат свеќа за покој на неговата душа. Бројката од 26
билборди ја симболизира возраста на Тоше.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
МОЛК,ТАГА,ПЛАЧ...БЕЗ НАШИОТ ТОШКА
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: