HomePortalGalleryБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Пон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Сре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Сре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Сре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Вто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Вто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Вто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

Share | 
 

 „Бог сака добри луѓе крај себе“

Go down 
АвторПорака
Patricija-TOSE TE SAKAM

avatar

Број на мислења : 15
Join date : 2008-08-07
Age : 24
Местолокација : stip

ПишувањеПредмет: „Бог сака добри луѓе крај себе“   Сре Окт 08, 2008 4:18 pm


„Mногу го сакам Господ, му верувам, ама зошто прерано ги зема добрите луѓе?“ Кога Тоше во 2004 година ја изговарал оваа реченица, која се однесувала на тогаш штотуку загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, веројатно и не помислувал дека истото прашање ќе си го поставуваат милиони луѓе и по трагичното утро на 16 октомври 2007 година кога и самиот прерано замина во легендите.

Експретседателот Трајковски и Тоше биле добри пријатели. Тоа денес го потврдуваат и сопругата Вилма и ќерката Сара Трајковска, ама и сите што ги знаеле. Велат дека, меѓу другото, ги поврзувала и огромната вера во Бога, хуманоста, едноставноста, радувањето на малите нешта... Сега, по нецели четири години, за жал, се покажа дека и уште една работа им била заедничка - трагичното заминување од овој свет.

Веста за уривањето на авионот кај Ротимле, во близината на Мостар, во која животот го загуби Борис Трајковски и уште осуммина лица, многу го погоди Тоше. Бил на некое од бројните патувања во Италија и за трагедијата слушнал на аеродром, враќајќи се во Скопје. Потресен од лошата вест, знаел дека веднаш по пристигнувањето, прва работа ќе му биде да го посети семејството на настраданиот претседател. И тоа и го сторил.

„Доцна вечерта, Тоше и менаџерката Петровиќ дојдоа во нашиот дом“, се сеќава г-ѓа Трајковска. „По смртта на Борис, тој стана многу близок со нашето семејство и не пропушташе можност да дојде, да направиме муабет, да најде зборови за утеха... Момчето кое во тоа време веќе беше ѕвезда, иако видно изморен и потресен, со нас остана цела ноќ. Сакаше да ја споделиме несреќата, да ги утеши нашите деца - Сара и Стефан“.

Од оваа временска дистанца, кога се сеќава на таа посета на Тоше, Сара не пропушта да каже дека неговото доаѓање и зборовите на утеха им значеле многу. Сите биле во голем шок, не биле свесни за несреќата што ги снајде. Едноставно, не сакале да поверуваат во трагедијата во која го загубија човекот кој најмногу им значел. „Јас и брат ми се' уште бевме деца. А Тоше, со кого се знаев отпорано, иако и самиот беше млад, се трудеше колку-толку да не' смири. Беше скршен и не можеше да се воздржи. И тој со нас плачеше како мало дете“, ни кажува ќерката на Трајковски.

Сепак, таа ноќ на Сара особено и' се врежала една реченица која и' ја кажал Тоше. „Седна крај мене, ме фати за рака и нонстоп повторуваше - зошто Борис го зеде Господ, зошто...? Но, она што го изговори, навистина ме пресече. Онака потресен, Тоше ми рече: ’Знам дека Господ ги зема луѓето што ги сака и оние што имаат направено мисија на земјата. Јас сум млад и мислам дека веќе имам премногу сторено за моите години‘. Иако бев многу потресена од загинувањето на татко ми, ваквото кажување на Тоше навистина ме фрапира. Како што седеше до мене, го потчукнав и му реков да не зборува такви работи. Го прашав како воопшто помислува дека такво нешто може да му се случи нему, кога има само 22 години... Но, наместо одговор, само ме погледна и замолча“, си спомнува Сара.Со оглед на тоа што Трајковски се исклучителни верници, при средбите со нив Тоше често говорел за Бога, за духовните вредности, за смирението што им го овозможува молитвата и верата. „И татко ми и Тоше“, вели Сара, „веруваа дека Господ е тој што одлучува кога некому ќе му го земе животот“. Тогаш 22-годишното момче, како свое лично убедување, но и со желба да ја потсмири ќерката на загинатиот претседател, знаело и да ја повторува реченицата: „Господ сака добар човек да стои крај него!“

И г-ѓа Трајковска и нејзината ќерка потврдуваат дека по несреќата во која се урна авионот на претседателот, Тоше уште повеќе се плашел од летање. На менаџерката и' велел: „Отсега ќе патуваме само со автомобил“.

Таа 2004 година Тоше се подготвувал за настапот на Евровизија во Истанбул и еден ден и' се јавил на Вилма Трајковска да ја праша - ќе дозволи ли да патува Сара со нив. Знаејќи колку на нејзините деца им значи пријателството со македонската ѕвезда и дека тоа е еден од начините да и' се помогне полесно да ја надмине загубата и „да ги смени мислите“, таа се согласила. А таму, во Истанбул, иако бил во постојани подготовки, се грижел Сара да не се почувствува осамено и ја третирал како дел од екипата.

Семејството Трајковски со многу емоции се сеќава и на уште еден гест на Тоше. „Бев во кола кога на радио ја слушнав веста дека наградата за пејач на годината, што ја доби на манифестацијата ’12 величествени‘, Тоше му ја посветува на семејството на трагично загинатиот претседател Трајковски. Бев возбудена и веднаш и' се јавив на мајка ми. Но, само што стасав дома, од капијата се јави обезбедувањето да не' информира дека Тоше и Лилја се стасани“, вели Сара.

И таа ноќ, ни кажуваа деновиве г-ѓа Вилма и нејзината ќерка, ја минале во муабетење. Зашто тој бил еден од оние вистински верници кои точно се придржувале за моралните вредности во животот. Славата, велат, ни најмалку не го сменила. Секогаш и' се враќал на една работа која ја сметал за исклучително вредна - а тоа била верата во Бога. Комуницирале постојано, зашто не бил ѕвезда на која ќе и' ѕвониш, а тој нема да се јави. Напротив. „Навистина сум среќна што успеав да го запознам Тоше, што беше дел од мојата генерација, што имав можност да се дружам со него... Тогаш кога ни беше тешко и кога се покажуваше кој е пријател а кој не е, тој во безброј пригоди докажа дека е пријател и за добро и за лошо“, раскажува Сара..Во мобилниот на Вилма Трајковска се' уште стојат зачувани некои од бројните пораки што си ги разменувале со Тоше, а во кој Бог бил постојано присутен. „Мислам, вели таа, дека Господ токму преку вакви луѓе сака светот да ги разбере неговите пораки и дела. А има ли поголемо сведоштво за верата од делата кои зад себе ги остави Тоше, момчето на кое хуманоста му била пред се' и над се'“.

Дека загинатиот претседател и македонската ѕвезда ги спојувало искрено пријателство деновиве ни говореше и Лилјана Петровиќ. „Тоа беше голема заемна почит и ниту во еден миг не се случило едниот од другиот да побара некаква услуга“, си спомнува менаџерката. По иницијатива на Тоше, без присуство на јавноста, тие заедно го посетиле и местото на кое загинал Трајковски. Така, според Петровиќ, било и во текот на нивниот живот - постојано дискретно си ја изразувале почитта. Но, со тага ни раскажа дека на 22 октомври, по покана на Вилма Трајковска, Тоше требало да отпатува во Лондон и да присуствува на еден деловна средба на Фондацијата „Борис Трајковски“, на која освен нашата ѕвезда, која била член на почесниот одбор, требало да присуствуваат и министри на британската влада и дел од благородничкото семејство. За жал, таа средба, како и многу други, не се случи.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
„Бог сака добри луѓе крај себе“
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: