Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomePortalGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeПон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

 

 Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ

Go down 
АвторПорака
Patricija-TOSE TE SAKAM

Patricija-TOSE TE SAKAM


Број на мислења : 15
Join date : 2008-08-07
Age : 30
Местолокација : stip

Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ Empty
ПишувањеПредмет: Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ   Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ I_icon_minitimeСре Окт 08, 2008 3:57 pm

Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ Site_t10


Тоше ги одбегнуваше прашањата врзани за приватниот живот, но никогаш не успеа да скрие дека е сон на илјадници девојки

„Би сакал да сум волшебник и од кикиритки да правам дијаманти“, велеше Тоше коментирајќи ја „Материјална девојка“ на Мадона. Во едно од своите први интервјуа, додека се насетуваше дека ќе биде голем пејач, тој беше скептичен на алузиите врзани за љубов и подароци. Младото момче мислеше дека само на филм се случуваат приказни во кои срцето се полни од материјалното и дека математиката не оди со чувствата... Во тие нежни кадифени години, Тоше мечтаеше за голема романтична љубов, за девојка што би ја чувал како принцеза, а која по ликот би требало да личи на Лив Тајлер. Како што растеше и созреваше, од сопственото искуство посака девојката до него во кикиритки да гледа дијаманти.

„Така би знаел дека е со мене - само поради мене“, велеше тој, не криејќи ја се' поголемата резервираност за надворешниот свет.

Тоше никогаш не бил Дон Жуан, но така популарен, млад и успешен, секогаш на врвот, се подразбира дека беше цел на девојките. Тие буквално го опседнуваа - му го блокираа телефонот со СМС-пораките, го чекаа пред влезот, му праќаа подароци...

„Сакам да живеам нормално, како секој млад човек“, кажуваше тој пред две години. „Да гледам и да мечтаам за некоја девојка, да и' пријдам и да ја освојувам, полека. Веќе заборавив што значи тоа да освојуваш жена...“



Тоше како и секој романтичен маж наместо серенада, сакал песните интерно да им ги посветува на своите љубови. „Немаш ни благодарам“, „Некаде во ноќта“, „Излажи ме“... е само дел од она што беше пораката на неговото срце.

Беше таинствен и молчалив кога го прашувавме за интимниот живот, а особено не сакаше да спомнува имиња. Таа негова желба ќе ја испочитуваме и сега. Неговите две сериозни врски и' се познати на јавноста - Благица и Андријана.

„Тоше имаше една голема љубов од младоста, кога го запознав во 2002 година, беше со неа. Таа младешка љубов стана голема“, ни раскажа Лилјана Петровиќ за романтичната страна на Тоше. „Со текот на времето почна да губи доверба во девојките од неговата близина, насетувајќи дека многу од нив сакаат да се експонираат, да се сликаат, а тој сакаше да ги почитува правилата на играта. Константно, сите девојки ги правеа истите грешки, а тој со причина беше се' понедоверлив. Многу разговаравме на оваа тема и јас се обидував да му објаснам дека не е несакање ако некој има желба да стане популарен, да сака да се појавуваат заедно во јавноста. Можеме да сакаме неизмерно, а сепак да сме себични и да имаме желба да бидеме во прв план“.
Свесна дека е голем товарот на славата, Лилјана ја знаеше конфузијата и дилемата на Тоше - дали те сакаат тебе или твоето име, славата, илузијата и иднината... Тој, како што вели Лилјана, ја плати таа цена на разочарување во љубовта.

„Јас немам приватност, не паметам кога последен пат сум излегол, беше коментарот на Тоше. Секако дека еден ден би сакал да имам семејство, брак ми е плафонот на нештата, но рано ми е за тоа. Не сум тип кој често менува девојки, сакам стабилност и сигурност и секогаш останувам пријател со мои љубови“.

„Тоше беше многу искрен спрема девојките и знам дека не брзаше со женење. Се подготвуваше за светска кариера и не ги криеше приоритетите“, вели Лилја.

Инаку, бројот на неговите обожавателки беше неверојатен. Хрватскиот печат го споредуваше тоа со дежави приказна, бидејќи така обожавани биле Здравко Чолиќ во седумдесеттите и Петар Грашо во деведесеттите.



Тоше беше сакано и сонувано момче од неговиот многуброен женскиот дел од публиката. Го сакаа поради многу нешта, а џентлменството го имаше првото место. Во еден наплив на обожавателки, по концертот во Загреб во 2005 година, за да ги спаси девојките од паѓање, паднал самиот.
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ Tose2010
„Концертната промоција на албумот ’Пратим те‘ во хотелот ’Реџент еспланаде‘ беше една од пожестоките кога се во прашање обожавателките“, се сеќава Лилјана. „Не знам имаше ли нешто во воздухот таа вечер, но на девојките наполно им попуштија кочниците, па довикуваа се' и сешто: ’Соблечи ја маицата ако ти е топло‘, ’Дојди кај мене да се одмориш‘, ’Ти си наша секс-бомба‘..., врескаа и танцуваа. Мислам дека поголемиот дел од тие девојки утредента го чекаа во холот додека одевме на појадок.

Тоше од секој концерт одеше дома со колекција градници што му ги дофрлуваа на сцена. Првпат му фрлија градник во Риека, на концертот во 2005 година.

Се сеќавам Тоше беше прилично изненаден кога една обожавателка од првите редови му го фрли градникот кој по некое чудо се закачи на микрофонот. И во Сараево се повтори приказната со градниците - на Тоше отпрвин му беше непријатно, а потоа сосема се олабави и правеше вицови на своја сметка - дека може да отвори продавница. Во салата ’Скендерија‘ бекстејџот беше полн со девојки, а тогашниот регионален амбасадор Лоренс Батлер ни го даде своето обезбедување, дури во еден момент и тој го бранеше од обожаватели“.
Медиумите секогаш ажурно известувале за љубовниот живот на Тоше, врзувајќи го со најразлични имиња на непознати и познати девојки, најчесто манекенки од неговите спотови. „Слободна Далмација“ пишуваше дека сплиќанките лудуваат по млад и убав Македонец и дека во преубавиот далматински град се крие идната г-ѓа Проеска. Девојките што чуваа бурма под перница отворено му испраќаа брачни понуди на нашиот Тоше. Најдуховитите се чини беа белграѓанките. Тие секогаш развивале стратегии во фаќање чекор на својот миленик, па неретко во хотелот каде што бил сместен Тоше земале соби и пишувале графити на автомобили.

Но, сепак, најголема опсесија, страст, она што го држеше буден, на Тоше му беше музиката. „Роден сум за музика и толку многу ја сакам што не постои ништо на светот поради што би ја запоставил. Инаку, правењето музика е најдобра работа на светот. Во моето студио имам 50 демоснимки, полека го учам занаетот. Има некоја магија во нотите, постојано те влечат кон себе и не те оставаат рамнодушен“.

Тоше ја сакаше музиката безрезервно, со неа се осамуваше и со неа се дружеше. Затоа и го одеше патот што му беше предодреден и од Господ.


Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ Tose1410
Вратете се на почетокот Go down
 
Копнеж на нежните женски срца-ТОШЕ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: