HomePortalGalleryБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Пон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Сре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Сре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Сре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Вто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Вто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Вто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

Share | 
 

 За Тоше Крушево беше центар на светот

Go down 
АвторПорака
Patricija-TOSE TE SAKAM

avatar

Број на мислења : 15
Join date : 2008-08-07
Age : 24
Местолокација : stip

ПишувањеПредмет: За Тоше Крушево беше центар на светот   Сре Окт 08, 2008 3:44 pm

Ќе се одбегнеше ли трагедијата да останеше во родното Крушево како наставник по музика, осакатувајќи го Балканот за едно фантастично музичко искуство? Или да ја завршеше академијата и посмирено да го восхитуваше светот со препознатливо крушевско белканто? Животот наспроти смртта. Го има ли тоа надвор од филмското платно?

Илјада прашања и илјада одговори, претпоставки за изминатите три и пол месеци откако Македонија и Балканот го нема Тоше. Откако остана без момчето што беше синоним за искреност, љубов и чест. Тоше навистина беше подготвен да му припаѓа на човештвото, не се штедеше во мисијата да ја шири љубовта меѓу луѓето и како виножито по дождот да го бои животот со песна.

Во неговиот крштален лист е наведен градот Прилеп. Сестрата Дори, која е шест години постара, во своите не секогаш пријатните сеќавања и соочувања со вистината, ни раскажа дека јануарските денови во 1981 година, пред Тоше и мајка им Домника да пристигнат од болница, беа вистинска бајка за неа. Најпосле бебе! Нешто малечко, слатко и - нејзино! Дори со треперлива возбуденост си ги редеше во себе сите песни со кои ќе го фасцинира помалото братче.
Така би можела да се почне биографијата на Тоше, оти во куќата на Проевци, пред 27 години, на среќата и' немаше крај. Децата се благослов од Господ, а ова сиромашно и религиозно семејство си имаше девиза - секогаш има место за уште една уста. Така, неколку дена Дори во домашната куќа, тогаш еднокатница, ја претрчувала собата по сто пати. Џабе биле предупредувањата на баба и' дека е се' исчистено и средено за бебето, да не ги расипува килимите и чергите, качувајќи се по пенџерињата.

Минатата година, во „Аворд продукција“, токму на овој ден падна договор за правење документарец за Тоше. Требаше да се раскаже неговиот живот, кариерата, новинарите да прозборат за важните моменти во биографијата. Тоа беше сценариото на неговиот омилен текстописец Огнен Неделковски. Луѓето од „Аворд“ и менаџерката Лилјана Петровиќ на Тоше му подготвија слатко изненадување - торта кабриолет „буба“ во портокалова боја, боја на живот и радост.

„Кога дојде Тоше, му го честитав роденденот, се сеќава Огнен. Извини, не знаев дека ти е роденден, ме повикаа за серијата, сега ќе си одам“, му реков.

Но, Тоше , онака, едноставно и без многу филозофирање, оти јазикот на срцето не признава напудрени дијалози, го прегрнал и му кажал: „Огненче, ти си ми најблизок, остани тука, те молам“. Пиеја црвено вино, се смееја и си раскажуваа.

Колку што Тоше не беше оптоварен со родендените толку неговите обожавателки не пропуштаа да му го честитаат - обично му го блокираа влезот со цвеќе, телефонот му го пренатрупуваа со СМС-пораки, а кадифените мечиња, срциња и што уште не, секогаш му биле најдрагите подароци на Тошка. Неретко на неговата адреса стигнувале и торти и разни благи работи. Не толку одамна на некоја девојка и' текнало да му прати целувки, директно од Крушево.

Во 1998 година, кога мобилните телефони предизвикуваа недоверба, договорите за интервју со Тоше, бидејќи почна да му се случува популарност, трпеа разни промени. Тој, растргнат меѓу автобусите, средното училиште во Битола, желбата случките првин да ги раскаже дома во Крушево, на денот на роденденот си го отвори срцето - дека повеќе ги сака празниците како што се Велигден и Божик. А срцето повеќе му заигрува кога семејството е на свечена трпеза, кога се слави Господ.

„Родендените се за другите“, повторуваше тој, ама вистински беше заинтересиран за својот зодијачки знак Водолија, оти во ѕвездите го најдовме „виновникот“ за постојаните доцнења. Тоше трогателно бараше логични врски во астрологијата и со очи ширум отворени и' даде шанса таа да го заведе. Не случајно за Водолиите се врзува поимот пријателство, и не случајно Тоше беше вистински пример за ширење љубов меѓу луѓето.

И колку најупотребуваната реченица „Ве сакам сите“ не е фраза, туку природна и искрена работа. Во тој контекст Тоше, во раните години на својата младост, беше горд на другарите од Крушево - Тошки Мазар, Ѓоко, Кочо, Митко, Николче, Јовица, Пеце, Јоргу, Џанго...

На 17- годишното момче Скопје му беше вистинска слатка мистерија и уживаше да го истражува. Знаеше со термос, за време на конфликтот во 2001 година, да ги изненади полицајците, а подоцна колпортерите. Знаеше што е студ и што е немање. Уште повеќе колку зборовите можат да стоплат. Откако парите на Тоше не му претставуваа проблем, неретко ќе купеше гајба лименки и ќе ги оставеше на семафор.

Тоше никогаш не криел ниту, пак, се срамел од фактот дека парите не се императив и многу честа појава кај нив дома. Никогаш не се трудел да фасцинира со она што не е. На првата година на студии несебично го нудеше својот „еурокрем“ кој го имаше централното место на масата. Наместо цвеќе. Веројатно поради раните раскрстувања дека „среќата со пари не се купува“, не правеше разлика меѓу луѓето - не му беше важна ниту боја, ниту религија, ниту гардероба. Во светот има толку убави работи, а младото крушевчанче секогаш повеќе им се восхитуваше на духовните отколку на материјалните нешта. И додека некои од неговата генерација се фалеа со фармерки и патики, тој за адут си го имаше Крушево. Родниот град му беше парче најубаво чоколадо во скоро скинати џебови. И кога зборуваше за него, лицето му се трансформираше во лик на скоро стасан маж. И приказната најчесто ја започнуваше со реченицата „Колку Крушево е блиску до небото и птиците“.

И таа љубов не се смени многу години потоа.

Крушево пред и по трагедијата со Тоше личи на разгледница сликана на зазорување и на зајдисонце. Постои тага што е развлечена и скриена по сокачињата. Но, крушевчани, секогаш гостопримливи и традиционално љубезни, со понекој гест ќе ве уверат дека живеат со Тоше и за него. Низ чаршијата, во епицентарот на градот, во секое дуќанче, сендвичарница, киоск, е залепена слика на Тоше.
Времето како да застанало од ланскиот 16 октомври. Но, само на прв поглед. До 2000 година Крушево го посетувале 20-30 илјади гости годишно. Сега е постојано раздвижено. За викендите пристигнуваат по 20 автобуси од целата Македонија, а за време на зимскиот распуст се бараше соба повеќе.

Така, љубовта што си ја чувствуваше Тоше кон својот град постепено премина и на луѓето што го сакаат Тоше. И не џабе Тоше си го нарекуваше град-слика.

„Никаде нема такви куќи, ќе дознае светот допрва за Крушево“, знаеше да рече тој. А љубовта си ја темелеше врз многу факти - врз анегдотите врзани за името, и за некој овчар кој стадото си го чувал под една круша, за надморската височина (1.250 метри) на која е вгнездено Крушево. „Луѓето за да се скријат од турскиот зулум, се качиле отпат, на Бушова Планина. Таму биле на сигурно, блиску до птиците“, ја раскажуваше Тоше историјата на својот град.

Семејната куќа на Проевци се наоѓа во близина на црквата „Свети Никола“, подигната во 1832 година, во времето на големиот Садарасем – Решид-паша. Градот има 13 цркви и сосема логично што Тоше е задоен токму во тој дух.

Првата станица се гробиштата Гумење. Таму, во некоја свечена тишина, над гробот на Тоше секогаш има многу цвеќе. Најмногу природно, кое како да не венее. Рози, каранфили, хризантеми. Многу играчки, срциња, мечиња. Од кадифе. Тие, пак, како да не се валкаат, стојат чисти. Со својата љубов и' се спротивставуваат на природата.[img][/img]
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
За Тоше Крушево беше центар на светот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: