HomePortalGalleryБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Пон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Сре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Сре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Сре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Вто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Вто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Вто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

Share | 
 

 Експертите го расклопија туарегот на Тоше

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
avatar

Број на мислења : 46
Join date : 2008-04-05
Age : 33
Местолокација : Krusevo

ПишувањеПредмет: Експертите го расклопија туарегот на Тоше   Пет Мај 16, 2008 11:56 am

Експертите го расклопија туарегот на Тоше



Српскиот весник "Курир" не се откажува од приказната дека Тоше е убиен. Според нив, неисправни биле сопирачки на "туарегот". Наводниот "убиец" имал можност да го оштети автомобилот на Тоше или во Скопје пред патувањето или во Хрватска.

Вештачењето на Туарегот во кој загина македонската поп-икона Тоше Проески е започнато, велат од Основен суд Скопје 1. Според истражниот судија Седат Реџепагиќ, раководител на истражното одделение, стручниот тим бил формиран уште минатата недела, а експертите од денес веќе работат на проверка на возилото. Со вештачењето, кое се спроведува по барање на истражниот судија кој ја води истрагата Велче Панчевски, треба да се утврди брзината со кое се движело возилото во моментот на несреќата и евентуалните дефекти на возилото. Во тимот кој ја врши експертизата се професори од Машинскиот факултет, Сообраќајниот факултет од Битола, претставници на судско-обвинителските власти, стручно лице од крим-техника при МВР.

Мирослав Вујиќ, адвокатот на Ѓорѓи Ѓорѓевски, пријателот на Тоше, кој го возеше "туарегот" дента кога се случи несреќата вчера немаше информација дека вештачењето е започнато, бидејќи очекува тој да биде поканет да присуствува на експертизата.

Српскиот весник "Курир", пак, не се откажува од приказната дека Тоше е убиен. Според нив, најверојатно загинал поради неисправни сопирачки на "туарегот" со кој се возел. Иако Министерството за внатрешни работи на Македонија ги демантираше информациите дека токму тие барале дополнителна експертиза на џипот, тие новото вештачење го поврзуваат со наводното барање од страна на МВР, а притоа се повикуваат на потврда од адвокатот Мирослав Вујиќ.
"Џипот е на Машинскиот факултет во Скопје. Стручниот тим ќе го повтори вештачењето и ќе го расклопи возилото. Жал ми е што такво детално вештачење не беше направено уште во Хрватска, бидејќи со тоа се оствари простор за разни претпоставки, изјавил Вујиќ, кој најавува дека лично ќе присуствува на вештачењето на "туарегот" во кој загина Тоше Проески.

Српски "Курир" повикувајќи се на анализите од хрватските медиуми ги објави и начините на кои наводниот "убиец" имал можност да го оштети автомобилот на Тоше.

- Тоа би можело да се направи или во Скопје пред патувањето или во Хрватска. Возачот Ѓорѓески стоел на бензинска пумпа пред влезот на Хрватска за да се напие кафе. Тоше останал да спие на предното седиште, а во "туарегот" останала и неговата менаџерка, стои во српски "Курир".

Македонското МВР за српскиот медиум посочува дека се што се работи на џипот, се работи по налог на истражниот судија. "Курир" пред два дена објави пак дека хрватската полиција ја известила македонската полиција за можностите сообраќајната несреќа во која загина Тоше да е намерно предизвикана, поради што од МВР го побарале возилото за повторна експертиза.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://krusevo.macedonianforum.net
DaRko.
Гостин



ПишувањеПредмет: Tosee   Пон Јун 02, 2008 1:13 pm

Crying or Very sad ti bese jedini naas samo tebe te imavme i ke te imame sekogas vo nasite srca te sakame toose
Вратете се на почетокот Go down
 
Експертите го расклопија туарегот на Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: