HomePortalGalleryБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Пон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Сре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Сре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Сре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Сре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Вто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Вто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Вто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

Share | 
 

 Запознајте го Крушево

Go down 

Што најмногу ве интересира за Крушево?
Историјата
0%
 0% [ 0 ]
Економијата
0%
 0% [ 0 ]
Ноќниот живот
100%
 100% [ 1 ]
Животот на Тоше
0%
 0% [ 0 ]
Општо гласови : 1
 

АвторПорака
Admin
Admin
avatar

Број на мислења : 46
Join date : 2008-04-05
Age : 33
Местолокација : Krusevo

ПишувањеПредмет: Запознајте го Крушево   Саб Апр 05, 2008 5:50 pm


Крушево е мало гратче, што по својата положба, физиономија и културно-историско значење е мошне интересна и атрактивна населба. Сместено на падините на Бушава Планина на 1250 м. н.м. ова типично планинско гратче има планинска клима. Во зимските месеци во Крушево и околината паѓа значително количество снег. Првиот снег паѓа во почетокот на Ноември, а понекогаш и во првата половина на Октомври и се задржува честопати до половината на Март. Релативно долгиот зимски и снежен период, климатските прилики и географската положба овозможуваат развиток на зимски туризам, по што Крушево се стекнало со значителна афирмација. Крушево постанало во 1467 г., во почетокот населено само од Македонци. Првите Власи се доселиле во 1769 г. Градот растел и се развивал, неговиот златен период бил на крајот на 19 век. Во 1883 г. Крушево имало 1650 куќи и броело 12000 жители, бил трговски, занаетчиски и културно доста развиен град. Поради заедничкиот живот и меѓусебното влијание на Македонците и Власите, Крушево уште од првата половина на 19 век бил билингвистички град каде што главно се зборувало на влашки и македонски, а и едните и другите ги знаеле двата јазика и тоа се зачувало и до денес. Денес Крушево има 5000 жители, има централно место во истоимената општина која е населена со Македонци, Власи, Албанци, Бошњаци, Турци, Роми. Населбата има типична амфитеатрална положба, отворена кон северо-исток. Градежно-архитектонско обележје на гратчето е што личи на лепеза. Блескавите фасади на старите куќи и со специфичната староградска архитектура создаваат панорама на Крушево, кое наликува на една интегрална, голема фасада со безброј прозорци, балкони и кровови. Во средиштето на градот е чаршијата. Во неа и кон неа од сите страни се слеваат стрмни, тесни маалски сокаци. Градот Крушево е богат со стари сакрални објекти меѓу кои се: црквите св. Никола (1832); св. Богородица (1867); св. Јован (1905); манастирите св. Спас (1836); св. Василиј; св. Преображдение и т.н. Таму се наоѓаат исклучително ретки иконостаси, дрворези, фрески и икони. Бројните музеи, галерии и споменици од Крушевпо прават Град-Музеј, а Крушевската Република (2-12 Август 1903 г.) го прави Град-Востаник, бидејќи тоа е највашниот момент на историското минато на Македонија. Културни случувања: Десет Дена Крушевска Република од 1966г.; Ликовна колонија Крушево од 1997 г.; Телевизиски Фестивал првиот во 1998 г.; Авто-мото рели - традиционално се одржува; и Државно првенство во параглајдерство. Околу градот се издига букова и дабова шума, природна вегетација како и засадена Борова шума. Сето тоа му дава на гратчето своевидна привлечност и го дополнува пејзажот кој восхитува. Многубројните блиски излетнички места пленуваат со својата убавина, подеднакво во сите годишни времиња. Географската положба, надморската височина, климатските услови, културните знаменитости, специфичната архитектура, богатата традиција се специфично обележје за Крушево, се надеваме дека ќе го посетите.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://krusevo.macedonianforum.net
 
Запознајте го Крушево
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: За Крушево :: Запознајте го Крушево-
Отиди до: