Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomePortalGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Главно мени

--------------------
--------------------
--------------------
 
Latest topics
» Постхумно уште две награди за Тоше во Хрватска
Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeПон Jул 19, 2010 8:21 pm by Anali

» Nokia 8800 Gold Arte Triband 3G Unlocked Phone......500Euros
Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:28 pm by Jake100

» Canon LEGRIA HF20 HD Camcorder.......600Euros
Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Canon EOS 450D 12MP DSLR Camera---300Euro
Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:27 pm by Jake100

» Apple iPhone 3G S 32GB(Speed) Quadband 3G HSDPA GPS Unlocked Phone....300Euros
Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:26 pm by Jake100

» Nikon D700 12MP DSLR Camera---800Euro
Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 7:25 pm by Jake100

» Koji je poslednji film koji ste gledali?
Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:23 pm by sonja_tose

» BUKET ZA TOSETA- Kurir 21.05.2008
Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:18 pm by sonja_tose

» tose angel
Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:01 pm by sonja_tose

Радио во живо
 
 
 
 

 

 Засадена цреша на гробот на Тоше

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 46
Join date : 2008-04-05
Age : 39
Местолокација : Krusevo

Засадена цреша на гробот на Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Засадена цреша на гробот на Тоше   Засадена цреша на гробот на Тоше I_icon_minitimeСре Мај 14, 2008 10:13 am

Засадена цреша на гробот на Тоше
Крушево, 11 март (МИА) - Црешата на гробот на Тоше Проески во Крушево, што денеска беше засадена, е првото од двете милиони дрва што ќе бидат засадени во националната кампања „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“.

Засадена цреша на гробот на Тоше Images26

Дрвото го засадија членовите на иницијативниот одбор на кампањата Љупчо Бубо Каров, маестро Борис Трајанов и заменик министерот за земјоделство Перо Димшоски заедно со членови на семејството Проески, чичкото на Тоше, Тодор Проески и Андреј Николоски извршен директор на Фондацијата „Тоше Проески“.

- Нашиот пријател Тоше беше еден од најголемите хумани луѓе. Да беше жив, тој прв ќе застанеше во кампањата. Затоа, симболично решивме кампањата да започне со засадување на црешата на вечното почивалиште на Тоше, затоа што со песната што ја отпеа за црешата како да ни остави аманет да направиме ваква хумана акција за нас и за идните поколенија, рече Љупчо Бубо Каров.

За маестро Борис Трајанов наша несреќа е да тажиме за нашиот ангел и хуман човек Тоше.

- Затоа оваа акција сакаме да биде сплотување на народот, на нешто убаво како да е Тоше со нас за да не спои и зближи, истакна Трајанов.

Трајанов ја промовираше идејата да се направи парк со 26 цреши во кој ќе има клупи и ќе се слуша тивка музика, музиката на Тоше. Така луѓето ќе може да се одморат, духовно да се збогатат.

Засадена цреша на гробот на Тоше Images25

Оваа идеја ќе ја спроведеме во сите македонски градови. Претседателот Борис Трајковски и Тоше Проески беа најголемите промотори на Македонија, на убавото од земјава. Овие големи луѓе покажаа дека не е важно што работиш, туку да ја сакаш својата земја, додаде Трајанов.

На семејството на Тоше Проески денеска пригодно му беа предадени статуетките „Златна Буба Мара“ кои тој постхумно ги доби на годинашната манифестација: за животно дело, за пејач на годината, за албум на годината и за најслушана песна во 2007 година „Игри без граници“.

- Од името на семејството изразувам голема благодарност за честа што му е укажана на Тоше и на неговото семејство, изјави чичкото на Тоше, Тодор Анастас Проески.

Статуетките семејството ќе ги пренесе во спомен куѓата на Тоше која ќе се гради на Гумење.

Извршниот директор на Фондацијата „Тоше Проески“, Андреј Николоски потврди дека во фаза е изработката на планови за поврзување со останатите, пред се со балканските земји, а и со сите каде има македонски иселеници во светот. Инаку вчера заврши меѓународниот конкурс за идејно архитектонско решение за изградба на спомен куќата на Тоше Проески на Гумење до народниот Музеј. Според Билјана Ќулавковска од Министерството за култура, досега пристигнале осум идејни решенија, но ќе се чека да поминат осум дена за да стигнат сите предлози испратени по пошта. Потоа жири комисија во која треба да има и меѓународен член ќе ги разгледува и ќе го избере најдоброто решение за спомен куќата на Тоше.
Вратете се на почетокот Go down
https://krusevo.macedonianforum.net
 
Засадена цреша на гробот на Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Новости :: Архива на новости-
Отиди до: