Главно мени |
--------------------
--------------------
--------------------
| | Запознајте го Крушево | Крушево е мало гратче, што по својата положба, физиономија и културно-историско значење е мошне интересна и атрактивна населба. Сместено на падините на Бушава Планина на 1250 м. н.м. ова типично планинско гратче има планинска клима. Во зимските месеци во Крушево и околината паѓа значително количество снег. Првиот снег паѓа во почетокот на Ноември, а понекогаш и во првата половина на Октомври и се задржува честопати до половината на Март. Релативно долгиот зимски и снежен период, климатските прилики и географската положба овозможуваат развиток на зимски туризам, по што Крушево се стекнало со значителна афирмација. Крушево постанало во 1467 г., во почетокот населено само од Македонци. Првите Власи се доселиле во 1769 г. Градот растел и се развивал, неговиот златен период бил на крајот на 19 век. Во 1883 г. Крушево имало 1650 куќи и броело 12000 жители, бил трговски, занаетчиски и културно доста развиен град. Поради заедничкиот живот и меѓусебното влијание на Македонците и Власите, Крушево уште од првата половина на 19 век бил билингвистички град каде што главно се зборувало на влашки и македонски, а и едните и другите ги знаеле двата јазика и тоа се зачувало и до денес. Денес Крушево има 5000 жители, има централно место во истоимената општина која е населена со Македонци, Власи, Албанци, Бошњаци, Турци, Роми. Населбата има типична амфитеатрална положба, отворена кон северо-исток. Градежно-архитектонско обележје на гратчето е што личи на лепеза. Блескавите фасади на старите куќи и со специфичната староградска архитектура создаваат панорама на Крушево, кое наликува на една интегрална, голема фасада со безброј прозорци, балкони и кровови. Во средиштето на градот е чаршијата. Во неа и кон неа од сите страни се слеваат стрмни, тесни маалски сокаци. Градот Крушево е богат со стари сакрални објекти меѓу кои се: црквите св. Никола (1832); св. Богородица (1867); св. Јован (1905); манастирите св. Спас (1836); св. Василиј; св. Преображдение и т.н. Таму се наоѓаат исклучително ретки иконостаси, дрворези, фрески и икони. Бројните музеи, галерии и споменици од Крушевпо прават Град-Музеј, а Крушевската Република (2-12 Август 1903 г.) го прави Град-Востаник, бидејќи тоа е највашниот момент на историското минато на Македонија. Културни случувања: Десет Дена Крушевска Република од 1966г.; Ликовна колонија Крушево од 1997 г.; Телевизиски Фестивал првиот во 1998 г.; Авто-мото рели - традиционално се одржува; и Државно првенство во параглајдерство. Околу градот се издига букова и дабова шума, природна вегетација како и засадена Борова шума. Сето тоа му дава на гратчето своевидна привлечност и го дополнува пејзажот кој восхитува. Многубројните блиски излетнички места пленуваат со својата убавина, подеднакво во сите годишни времиња. Географската положба, надморската височина, климатските услови, културните знаменитости, специфичната архитектура, богатата традиција се специфично обележје за Крушево, се надеваме дека ќе го посетите. |
| Реклами |
| Кој е он-лајн? | Севкупно има 2 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 2 Гости Никој Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 26 во Пет Мар 29, 2013 1:08 am | Statistics | Постојат b>272 регистрирани членови Најновиот регистриран член е seestjaish
Нашите членови се испратиле точно 189 мислења in 85 subjects
|
|